Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ на социјалните мрежи објави фотографија од нејзиниот син Лука како црта. Друштво им прави и нејзиниот сопруг поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.
„Горди сме на нашиот мал Пикасо. Долго време ни требаше да го измиеме. Екстра активност за сè“, напиша Ивановиќ на фотографијата на „Инстаграм“.
Таа порача уште еднаш сите да останат дома и да се заштитат од коронавирусот.