Пејачката Гоца Тржан за својата ќерка Лена вели дека плени со посебна енергија и харизма, но истовремено била многу срамежлива. Додека на нејзините настапи голем број обожавателите стојат во редови за да се сликаат со пејачката, нејзината ќерка Лена бара секаква можност да ја избегне ваквата прилика.
Со оглед на тоа што Лена сеуште е тинејџерка, Гоца вели дека ја почитува нејзината одлука да не се експонира јавно, но истовремено објаснува дека во ретки случаи успева да ја натера Лена да се фотографира со неа.
Овој пат Тржан објаснува дека со крајни маки успеала да ја натера Лена да се слика со неа, а истовремено фотографијата да ја објави на социјалните мрежи на своите обожаватели.
„Конечно ја наговорив Лена да се фотографира со мене. Љубов засекогаш. Децата се наша слабост и наша најголема сила“, напишала Гоца на фотографијата.