(Фото) Хурем објави фотографија со двете ќерки

Актерката Мерјем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, вчера објави семејни фотографии.

Германската актерка со турско потекло Мерјем позира со своите две ќерки, Лара и Лил Кои.

На некои од фотографиите ја држи во раце помалата ќерка, која е бебе, и нежно ја бакнува. А на другите им се придружува и поголемата ќерка, па Мерјем ги зема и двете во својата прегратка.

Фановите ѝ коментираа дека изгледа посреќно од кога било.

Неколку часа по објавувањето, фотографиите имаат повеќе од половина милион лајкови.

 

Scroll to Top