Сопругот на пејачката Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, неодамна го прослави својот 36. роденден. „Цел ден бев на снимање на ‘Ѕвездите на Гранд’ и сите ме чекаа затоа што рестораните се отворени до осум, па, за жал, задоцнив малку, но стигнав на делот со тортата. Бевме заедно со нашите ќерки Атина и Ника и свекрва ми. Убаво беше, јас бев малку уморна, тој беше многу среќен“, изјави Јелена, и додаде: „Тој не доби подарок од мене, но им дадов пари на Атина и на Ники да му купат специјални подароци. Едната имаше купено парфем, другата некои креми за мажи, за подочници, сè што му требаше повеќе или помалку, па тоа го спакувавме како два подароци. Ништо спектакуларно, но убаво и функционално“, откри пејачката.
На фотографиите од роденденот се забележува намевката на Јелена, која првпат е со Душко во јавност по информацијата за неговата афера.