Еден месец по одморот на Новак и Јелена Ѓоковиќ на Миконос, британските медиуми сè уште не престануваат да зборуваат за изгледот на сопругата на најдобриот тенисер во историјата.
Имено, локалните таблоиди „Дејли Стар“ и „Сан“ се опседнати со изгледот на Јелена, па повторно пишуваа за нејзината „заводлива фигура“, заедно со неколку фотографии од нејзиниот одмор на Миконос, секако.
„Двојката разменуваше бакнежи додека се релаксираше покрај брановите на грчкиот остров Миконос за време на семејниот одмор со своите две деца. Тие уживаа во луксузниот одморалиште Намос, познат по тоа што привлекува бројни светски ѕвезди во текот на летните месеци.
Јелена Ѓоковиќ плени со својата фигура на плажа, таа беше опколена од папараците додека разменуваше нежности со Новак“, се вели во статијата на Дејли Стар.
Секое лето, десетици приватни авиони и хеликоптери слетуваат на оваа ексклузивна дестинација, а мега-јахтите со познати личности вредни милиони се закотвуваат во блиското пристаниште. Сите тие доаѓаат во потрага по луксузно искуство на плажите.
Луис Хамилтон, Аријана Гранде, Вејн Руни, Леонардо Дикаприо и Никол Шерцингер се само дел од имињата кои редовно ја посетуваат оваа песочна оаза.
фото: принтскрин