Јелена Карлеуша објави фотографија со сопругот Душко Тошиќ по подолг временски период откога никој од нив не објави заедничка фотографија.
Фотографијата од двојката е направена за време на вечера во Истанбул, а Јелена под неа напиша долга емотивна порака посветена на Душко.
„На здравје! На здравје за овој добар, искрен, недопрен човек покрај мене, татко на две ќерки, кои неизмерно ги сака, одличен спортист. На здравје за човекoт што никогаш не изневерувал, понижувал или засрамил некого. Никој. Никогаш. Човек без ниту една дамка, кој, за жал, трпи најстрашни напади“ напиша Јелена.
„Поради мене. Поточно поради нивната болна омраза кон мене. Треба да напишам: ‘Никој не може да те извалка, Душко, нема толку ѓубриња со лоши намери и лаги што може да ги осквернават добриот човек и неговото семејство“, додаде таа.
Денот на вљубените Душко и Јелена го помина заедно во Истанбул за време на патувањето во Турција, на кое следниот ден беа и на заедничка вечера со пријатели.
View this post on Instagram