Српската пејачка Јелена Карлеуша ја покажа својата нова вила вредна два и пол милиони евра, која ја купил нејзиниот маж, фудбалерот Душко Тошиќ. Тие новиот дом го купиле од поранешниот фудбалер на „Ѕвезда“, Драган Стојковиќ – Пикси.
„Мојата нова куќа. Внатре има голем двор, четири големи купатила и базен пред куќата“, се пофали Карлеуша на социјалните мрежи.
Куќата има сауна и теретана, според српските медиуми, има и одличен безбедносен систем.