(Фото) Карлеуша со сопругот и ќерките на одмор во Дубаи

Српската пејачка Јелена Карлеуша со нејзиниот сопруг Душко Тошиќ и двете ќерки заминаа на одмор во Дубаи. Семејството стигна на тропскиот остров пред неколку дена, а пејачката  објави фотографија на социјалните мрежи од нивниот заеднички појадок.

Душко стигна во Дубаи неколку дена по неговите ќерки, а по настапот за време на викендот им се приклучила и Јелена. Карлеуша вели дека сака да одмори неколку дена далеку од очите на јавноста и скандалот што изминатиот период претставувал еден од најтешките моменти во нејзиниот живот.

Таа вели дека меѓу неа и Душко засега нема никакви проблеми.

 

Scroll to Top