Најдуховитиот лик од турската хит-драма „Парампарче“, актерката Нурсел Косе или попозната како Кериман, може да застане рамо до рамо до своите помлади колешки кога станува збор за физичката форма.
За разлика од повеќето колеги кои избраа подалечни дестинации за летување, Кериман остана во Турција каде што се релаксира покрај море и базен заедно со големо друштво. Темпераментната актерка не пропушта да го полни својот профил на „Инстаграм“ со нови фотографии, меѓу кои се најде и таква каде што позира во бикини, но под наметката го откри само задникот.
Тоа беше сосема доволно да се види дека е навистина згодна во костим за капење, иако е во петтата деценија од животот.
„Парампарче“ финализира со снимање пред неколку месеци, а дали Нурсел ќе се впушти во некоја нова интересна улога, останува да видиме.