(Фото) Ким Кардашијан ја копираше Лепа Брена со новата колекција костими за капење, тешко е денес да бидеш оригинален, одговори пејачката

Американската ѕвезда Ким Кардашијан ја копираше Лепа Брена со најавата на новата колекција на костими за капење. Таа на фотографиите кои ги објави изгледа исто како пејачката од осумдесеттите години. Станува збор за ретро модели кои наликуваат на оние кои Брена ги носеше на почетокот на кариерата.

„Баш е интересно. Денес е тешко човек да биде оригинален“, рече Брена за медиумте, откако ја виде новата колекција на костими за капење на Кардашијан.

Ким носеше сина сенка на очите, исто како и Брена. На неа носеше и перика, иста каква фризурата на пејачката која ја имаше во спотот за песната „Робиња“.

„Со што и да се појави, веќе е видено, било да се работи за мода или ликови од шоубизнисот. Тоа што се создаде во 60-тите до 90-тите години од минатиот век се епохални работи. Единствено само технологијата може да нè изненади. Сè друго е веќе видено, но драго ми е што Ким знае што е добро“, рече Брена.

Scroll to Top