(Фото) Лане Гутовиќ погребан во семејната гробница: Сакаше да замине тивко, со крст, без цвеќе и музика

Српскиот легендарен актер Милан Гутовиќ кој почина во средата, денес беше погребан на гробиштата во Кумодрач, каде што почиваат и неговите родители, со што семејството му ја исполни последната желба да не биде погребан во алејата на великаните.

Службата започна во 13 часот, а потоа тажната поворка се упати кон семејната гробница.

Неговата поранешна сопруга, Билјана Кнежевиќ, со која беше 10 години во брак одеше зад синовите Спасоје и Јаков, не можејќи да ги задржи солзите.

Додека го ставаа ковчегот во семејната гробница, Спасоје одржа говор.

„Секогаш одеше по потешкиот пат, а сега по полесниот пат. Тој нè остави да одиме без него. Сакаше да оди тивко и мирно, без цвеќиња, музика и само со обичен крст. Сакаше да оди невидливо, ние тоа не го исполнивме“, рече тој.

Покрај семејството и најблиските пријатели, присуствуваа многу познати личности од светот на театарот и филмското платно.

 

Scroll to Top