(Фото) Лепа Брена на крстарење со новата јахта

Пејачката Лепа Брена купи јахта. Таа веќе некое време ужива во крстарење на Средоземното Море. Брена вели дека во последните 40 години не можела да си дозволи одмор каков што посакува поради големиот метеж што го предизвикува каде и да се појави.

Дополнителен проблем ѝ направи пандемијата на коронавирусот.

„Брена чекаше да се отворат границите, а потоа веднаш замина со приватен авион во Монако. Првата фотографија ја објави од хотелот во кој се сместија со Боба. Таму ја среди целата документација за купувањето на јахтата. Потоа заминаа на крстарење на Средоземното Море. Новата скапа играчка е доволно голема за целото семејство“, изјавил извор близок на семејството.

Брена вели дека и покрај тоа што плови на Медитеранот, таа и понатаму се држи до меркте за заштита од коронавирусот.

„На море не постои шанса да се зарази, но кога ќе стигне на копно, таа се држи до сите пропишани мерки. Брачната двојка секојдневно посетува многубројни дестинации и ресторани. Но, таа никогаш не ја трга маската од лицето. Брена без проблеми доаѓа на познатите плажи додека на Јадранот не може опуштено да ужива со оглед на големиот број обожаватели што ја следат“, додава изворот.

 

Scroll to Top