Пејачката Лепа Брена објави фотографии на социјалните мрежи и покажа како изгледа без шминка, а фановите ја обвинија дека ставила премногу ботокс. Таа веќе некое време ужива на крстарење. Вели дека конечно по 40 години можела да си дозволи одмор каков што заслужува.
Поради пандемијата со корнавирусот, таа сега вели дека има можност подолго време да биде со семејството и пријателите. Во моментов таа се сонча во Италија, а на големиот број фанови им покажа фотка на која позира без грам шминка.
Додеа некои пишуваа дека претерала со ботоксот, други коментираа дека изгледа младешки, со оглед на годините што ги има. Таа неодамна купи луксузна јахта, која ја красат предмети и симболи кои потсетуваат на нејзината долгогодишна кариера.
Туристите ќе можат да видат некои работи кои ѝ припаѓаат на пејачката, како на пример, нејзините костими, накит и фотографии. Брена вели дека најверојатно новата јахта ќе го носи нејзиното име. Оние кои сакаат да се повозат во неа, ќе имаат можност тоа да го направат од следната година.