Фолк-пејачката Лепа Брена на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која е во Мајами со сопругот Боба Живојиновиќ. Иако фотографијата доби многу лајкови, сепак, фановите ѝ оставија бројни коментари дека претерала со ботоксот. Дел од коментарите се дека потсетува на Мајкл Џексон. Некои следбеници дури и ѝ напишале дека се исплапиле од тоа како изгледа на сликата. Повеќето се согласуваат дека Брена треба да престане со пластичните операции, ботоксите и филерите, оти претерала и не личи на себе.