Најдобриот фудбалер на светот по признанието од ФИФА деновиве има уште една причина за славење. Хрватскиот играч од средниот ред вчера го прослави првиот роденден на својата ќерка Софија.
„Среќен прв роденден“, напиша кус коментар капитенот на „коцкестите“ нарекувајќи ја Софија „буцка најубава“.
Лука Модриќ позира со својата ќерка, која беше облечена во розово фустанче. Во заднина фотографијата беше украсена со балон во облик на фудбалска топка.
Илјадниците фанови на фудбалерот во коментарите исто така ѝ го честитаа првиот роденден на Софија. Во коментарите фановите напишаа дека насмевката на лицето на Модриќ доволно говори за неговата среќа и гордост.