Пејачката Неда Украден го прослави својот 70. роденден. Нејзините пријатели и обожаватели на социјалните мрежи и посакаа сè најдобро за роденденот. Сите коментираат дека не можат да се изначудат колку добро изгледа, иако веќе ја започна осмата деценија од животот.
Неда синоќа имала мала прослава во кругот на семејството и пријателите во еден луксузен ресторан во Црна Гора. Таа на „Инстаграм“ сподели дел од атмосферата, а вели дека среќата не можела да ја сокрие. Добила огромен букет ружи и торта.
„Што човек може повеќе да посака за роденден?“, напиша Неда.
Поради својот изглед, таа веќе го доби надимакот за најсекси баба на Балканот. Нејзините обожаватели многупати се согласиле дека на нејзиниот изглед можат да и позавидат голем број од нејзините помлади колешки.
„Фигурата ти е одлична со оглед на годините. Недо, преубава си. Секоја чест за изгледот, како девојка си“, и напишале некои од фановите.
Неда на јубилејниот роденден го објави и новиот спот.
„Ако некој ми речеше кога ја почнував кариерата дека ќе ги дочекам овие години во здравје, добра кондиција и дека уште ќе настапувам, немаше да му поверувам. Но, јас сум си себе си најголемиот демант на моите заблуди во младоста и староста. Ако имаш добри темели, самосвест, енергија, љубов и семејство, проблемите и несреќите не мораат да бидат причина за да се откажете од животот“, изјавила Неда за медиумите.