Водителката Николина Пишек повторно заврши во болница откако во февруари со ќерка ѝ Уна беа затруени со јаглерод моноксид. Таа објави фотографија од болницата и напиша дека по труењето била изложена од ризик од белодробна емболија.
„Повторно јас. Во случај да не сте знаеле, 90 дена по труење со CO, имате ризик од белодробна емболија. Денес, за среќа, не беше тој ден“, напиша таа.
За потсетување, Николина и ќерка ѝ беа најдени без свест во нивниот стан во февруари, откако претходно во зградата пукнала цевка.
Николина во февруари објасни дека пред да загуби свест, разговарала на телефон со својот сопруг Видое Ристовиќ, кој во тоа време бил во Белград, и му кажала дека не се чувствува добро, а и дека Уна повраќа.
„Сè се случи ноќта помеѓу саботата и неделата. Околу 20 часот се слушнав со сопругот, кој поради работа, мораше да оди во Белград. Му кажав дека ќе гледаме филм и ќе одмораме. Му се јавив пак околу еден часот по полноќ и му кажав дека Уна повраќа и има силна главоболка. Ме советуваше да одиме на лекар. Во меѓувреме, најверојатно, сум се онесвестила“, рекла Пишек за хрватските медиуми.