Српската стриптизерка Бранка Милјанчевиќ, позната и како Бранка Блек Роуз, вели дека завршила со стриптизот и дека повеќе нема да танцува на шипка. Таа вели дека го затворила т клубот што го имала со години.
„Го затворам клубот и повеќе нема да ја работам оваа професија“, изјавила Бранка за емисијата „Ексклузивно“.

Таа не кажа со што планира да продолжи да се занимава, но неодамна објави снимка на која собира и сади компири од нива.
„Здраво другари. Право од море на нива да собереме компири. Да не биде дека само пливам, туку еве и собирам компири. Ова е за сите оние кои ме прашуваа од каде линијата што ја имам. Брате, мотика во рацете и копај. Каква фитнес-сала, какави бакрачи. Само здрав живот и силни стомачни. Идеме јако“, изјавила Бранка.

Бранка вели дека сега повторно е на море, поточно на црногорското крајбрежје, каде што ужива на нудистичка плажа.









