Роденденот на Анастасија Ражнатовиќ предизвика огромно внимание во медиумите и јавноста, што ја наведе и Јелена Карлеуша, традиционално, да ја исплука нејзината мајка, својата вечна ривалка.
Имено, поп-пејачката на Инстаграм со фотографија на Цеца од вчерашната прослава упати низа навреди на сметка на пејачката.
„Со години судски се бранев од перфидните напади на оваа жена, не можев да ја разберам Србија која во минатото величаше некој што е познат по криминалот и наногицата. Жената што беше тесно поврзана со убијците на Зоран Ѓинѓиќ (поранешен премиер на Србија, н.з.), жена на воен злосторник, која живее во куќа соѕидана од убиените и ограбените Босанци, Хрвати, Срби. Бев во филмот: WTF Србијо?! Ме болеше неправдата бидејќи медиумите перфидно секогаш мене ме покажуваа како негативец, иако немам згазнато ни мравка, а ја величаа оваа затворска птица, која на сметката на божемскиот патриотизам и србувањето собираше евтини поени од примитивните. Сега, кога ја гледам ваква, сега кога веќе никого не интересира, сега кога пее под шатор и во кафулиња, сега, кога постои во медиумите само ако се закачи за мене, чувствувам сожалување. Времето и кармата решаваат се’“, заклучи Карлеуша во Инстаграм приказната.
Останува да видиме дали Светлана Ражнатовиќ ќе реагира на овие зборови на својата колешка или традициоанлно ќе премолчи, па правдата ќе ја побара на суд. Но, веројатно војната меѓу двете најпопуларни пејачки во соседна Србија уште долго ќе трае.