Водителката Николина Пишек на социјалните мрежи објави фотографија со која најави нов прокет. Ова е прв работен ангажман на водителката по смртта на нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ.
„Вака одлучив од сега да се чувствувам. Знам дека ќе има подеми и падови, тешки моменти, болка, но и радост. Животот продолжува. Знам кој не би сакал да бидам заробена во тага и замка и да ѝ се предадам на судбината и знам кој не би сакал да замолчам. Должна сум да бидам доживотен борец за оние што тоа го заслужуваат“, напиша Николина.
Таа додава дека ќе ги издржува ќерките и дека нема да се откаже поради нив, но и дека по долго време, се чувствува вратена во живот.
Хрватските медиуми пишуваат дека водителката активно бара работа за повторно да му се врати на водителството бидејќи е во финансиска криза по смртта на својот сопруг.
Потсетуваме, сопругот на Пишек ненадејно почина, а зад себе ја остави ќерката Уна.
View this post on Instagram