Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши да се потсети на почетоците, па објави фотографија од својот прв тренинг како дете. Фотографијата, на којашто е со својот татко е сликана на Копаоник.
„Планината Копаоник е едно од моите омилени места на светот. Првпат на тениски терен. Со розов рекет и сè останато“, напиша Новак покрај фотографијата на која има само 4 години.
Поранешниот најдобар светски тенисер во моментов се наоѓа на 14 место на АТП листата. По повредата на рамото имаше операција. Но, најави дека наскоро ќе се врати на тенисот и дека веќе тренира.