(Фото) Раста повторно се фали со џоинт и тоа јавно!

Познатиот рапер не го интересира тоа што јавноста ќе го осуди поради јавното пропагирање на наркотици.

Стефан Џуриќ Раста, одамна истакна дека ја смета марихуаната како добра работа, и од тогаш па се до денес го нема променето својот став.

Познатиот рапер, не обрнува внимание на тоа што пропагирањето на наркотиците може да биде лош пример за сите, особено младината, па на својот Инстаграм профил повторно објави како го држи и очигледно пуши џоинтот.

Ако се суди според фотографијата, можно е Раста да се наоѓа во стан, а поради малата ќерка Тара веруваме дека сепак не е негов туку стан на неговата сопруга Ана Николиќ.

 

„Докажано е дека алкохолот е поштетен од марихуаната, но едноставно зад алкохолот стои цела индустрија, цела пропаганда, и сметам дека со самото тоа што би се легализирало, истото би станало проблем“, вели Раста во својот автобиографски филм направен од пред нешто повеќе од 6 години.

Scroll to Top