Пејачите Саша и Дејан Матиќ освен што имаат успешни кариери, имаат и успешни бракови, пишуваат српските медиуми.
Сопругата на Дејан, Јелена, го привлече вниманието на јавноста во 2013 година, кога се појави во спотот на неговата песна „Она је моја“. Дејан и Јелена се во брак од 2012 година.
Саша се оженил со Анѓела пред 14 години. Во интервјуа често вели дека неговите „три дами“ му се сè во животот.