(Фото) Се омажи Јована, водителката на „Парови“

Водителката на „Парови“, Јована Јеремиќ, во Општината Земун го изговори судбоносното „да“ со својот избраник Воислав Милошевиќ.

Јована и Воислав во присуство на кумовите и семјествата изговорија „да“, а денот на нивната свадба го одбраа за време на големата слава Ѓурѓовден, ден што го симболизира раѓањето, изјавила водителката.

„Го избравме денешниот ден затоа што Ѓурѓовден е денот што симболизира раѓање. Кума ќе ми биде најдобрата пријателка од факултет, а го зедов презимето Милошевиќ затоа што ќе ми користи во политичката кариера“, изјавила Јована.

 

Scroll to Top