(Фото) Се породи Хурем, турската актерка доби ќерка

Турската актерка Мерјем Узерли, која се прослави по улогата Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, се породи вчера. Таа доби ќерка, а убавите вести ги сподели на „Инстаграм“.

Таа објави фотографија со ќерка ѝ, за која доби голем број убави коментари од фановите. Мерјем вели дека е пресреќна, а го откри и името на нејзиното второ дете.

„Моја драга Лили Кои.. Лара, тато и јас сме среќни што те дочекавме во нашето семејство. Благословени сме и среќни сме што ни се придружи“, напиша таа.

За потсетување, Мерјем ја има и ќерката Лара, која ја доби со поранешниот партнер, брокерот Кан Атеш. Кога дознал дека е бремена, Кан ја оставил. Од тогаш глумицата се повлече од јавниот живот и се посвети на семејството.

Со години живее со ќерката во Берлин. Сега е среќна со нејзиниот нов партнер, кого не сака да го открие во јавноста и новото прво заедничко дете.

 

Scroll to Top