Српската пејачката Сека Алексиќ реши за роденденот на својот син Јаков да му ја скрати косата, нешто што наиде на негодувања кај поголемиот дел од нејзините фанови.
Во коментарите под објавената фотографија од Јаков, кој деновиве полни две години, голем број од фановите упатија критики и жалење на ваквиот потег на пејачката, сметајќи дека момчето изгледало посимпатично со долгата коса.
„Мамина среќа. Со тешко срце му ја скратив косата со локни. Некако сега си ми постар и посериозен“, образложила Сека, со што и самата потврди дека ќе и недостигна фризурата на нејзиниот син кој ја имаше досега.