Укината е привремената мерка со која е одредено да петгодишниот син на Северина Којиќ (Вучковиќ) и Милан Поповиќ една недела, живее кај татко и, другата кај мајка и.
Привремената мерка со која неодамна беше одредено да малолетниот син на хрватската пејачка и српскиот бизнисмен треба да мине еднакво време и со таткото и со мајката, поради што се дигна бура во регионот, е укината според одлуката на Жупанскиот суд во Сплит.
Не го изгубила старателството, но…
Судот ја прифати жалбата и ја укина привремената мерка, па предметот е вратен во Општинскиот граѓански суд во Загреб, на понатамошна постапка.
Портпаролот на судот потврди дека судот во Сплит, го врати предметот на Општинскиот суд, затоа што, неофицијално, не сака да ја потврди привремената мерка, токму поради интересот на детето.
„Тие не ја доведуваат во прашање непристрасноста на Општинскиот суд во Загреб, туку истакнуваат дека кај нив е во тек постапка кон тужбата на Милан Поповиќ, со која се одлучива за првобитната одлука да неговиот син живее со мајката“, пренесува порталот Слободна Далмација.
Судот во Сплит смета дека одлуката во оваа парница ќе биде донесена во најскоро време – а носењето на привремена мерка со која поинаку ќе се регулира средбата со таткото „не е оправдано“. Тоа би значело дека судот во Сплит не сака да го доведе детето во ситуација да го менува досегашниот начин на живот, што со привремената мерка подразбира, кога постои можност да судот во Загреб во парницата кон тужбата на таткото одлучи поинаку, што за момчето би значело промена во секојдневието.
Судот сака да избегне да Александар биде изложен на непрекинати промени. Ја сочекуваат пресудата по тужбата на неговиот татко за повторување на евалуацијата на одлуката за престојот на детето со родителите. Ако таа пресуда биде различна од првата – според која повеќе време ќе минува со Северина, со која и живеел. тогаш промените ќе бидат нужни. Ако судот ја отфрли тужбата на Поповиќ, се останува исто.