Хрватскиот репрезентатативец Шиме Врсаљко на својот инстаграм-профил објави фотографија од едномесечниот син Бруно. „Малиот веднаш во копачки“, стои во коментарите што фудбалерот ги доби на фотографијата. „Малиот ќе биде ист како татко му и ќе игра десен бек во Атлетико“, „Баш ме интересира дали ќе биде побрз од тебе“, пишуваат неговите следбеници на Инстаграм.
Бруно е роден на 6 јуни, неколку дена пред почетокот на Светското првенство во фудбал, па репрезентативецот на Хрватска беше пуштен од карантин да го види своето дете. Тој минатата година се ожени со Матеа, со која беше во врска неколку години.