(ФОТО) Што бараат Брена, Јелена и Цеца пред концерт

Светските ѕвезди на своите рајдер листи имаат неверојатни побарувања, балканските пејачи и пејачки се далеку по скромни.

Еве што бараат пред и по концерт.

Шабан Шаулиќ

Иако важи за крал на народната музика, сепак тој нема свој список на желби. Шабан бара само едно шише вода и ништо повеќе.

Цеца

Помеѓу скромните ѕвезди е и Цеца која ќе каже:

„Секако дека имам рајдер-листа, тоа е нормална работа кога се занимавате со оваа работа. Но, што се однесува до моите желби, само сакам шише ладна вода и малку чоколадо“.

Драгана Мирковиќ

Драгана има исти побарувања како Шабан, па и на неа доволно и е само вода.

Лепа Брена

Пред и по настапот Брена бара само овошје.

„Едноставно, сакам да се најадам свежо овошје. Нема нешто што посебно преферирам, секое овошје е полно со витамини и минерали, а тие ми се потребни да ја вратам енергијата по концертот и да се освежам“.

Јелена Карлеуша

ЈК има побарувања како на вистинска ѕвезда, па најчесто сака природни/непрскани јаболки, светски позната флаширана вода, грицки без глутен.

Пејачката за својата облека бара посевни услови, односно соба каде нема прозори, а пред нејзината врата секогаш да има обезбедување.

Scroll to Top