Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, веќе некое време живеат во Америка, во Чикаго, а ако можеби сте се прашувале што се случува со нив, бидејќи некое време ги немаше во медиумите, еве го и одговорот – тие дефинитивно уживаат еден во друг, и во слободното време на најдобар можен начин.
Ана и Бастијан претходните денови беа на патување низ Европа, каде се состанваа со своите пријатели, а Ана на своите обожаватели на Инстаграм редовно ги известуваше за тоа каде се и што прават, на нивно општо задоволство.
Фотката на Ана и Бастијан дефинитивно е таа која привлече најмногу внимание, се додека не „стигнаа“ и други фотки кои предизвикаа уште поголемо воодушевување.
Така Ана се здоби со многу лајкови и позитивни коментари за фотки кои ги објави потоа, а кои ги откриваат дека поранешната тенисерка во моментов е на море и дека заведува на плажа. Природата очигледно и прилега на Ани, а нејзината среќа е евидентна!