Откако преживеа вистинска драма, поради операцијата на задникот, Тамара Џуриќ му се врати на нормалниот живот, а со тоа и на ноќните излегувања, кои претходно речиси секојдневно ги практикуваше.
Тамара неодамна беше воодушевена со новата фризура, а сега се пофали и со една фотка од ноќниот живот.
Иако добива еден грст комплименти за изгледот, малку кој примети дека Тамара значително е ослабена, и дека последиците од лежењето во болница се очигледни.
„Добив повик да се сликам оскудно за еден италијански магазин, и сакав да ја доработам задницата по секоја цена, сега и веднаш. Но, луѓето не можат да сватат што значи естетска хирургија, тоа е нешто многу сериозно, но додека не ти се случи ваква работа, ти не можеш да ја видиш сериозноста на ситуацијата. Ризикот беше два проценти, но кога се ќе тргне на лошо, ризикот е 100%“, изјави неодамна Тамара.