Познатата српска манекенка Софија Милошевиќ сè уште ужива во својот одмор, од каде што дојдоа и најновите фотографии кои кренаа прашина на социјалните мрежи.
Вистина е дека Софија е една од најубавите Србинки и секогаш се обидува да ги оправда сите епитети. Нејзините фотографии во бикини се секогаш главна тема, а со снимките од јахтата веќе излуди многумина и токму кога помисливме дека не може да биде подобро… демантира!
„Зелената е мојата омилена боја“, напиша Софија во описот на објавата.
Згодната манекенка позираше во зелено бикини кое уште еднаш совршено ги истакна сите нејзини облини, а коментарите под објавата се нижеа.
Таа облече и црно-бел костим за капење, во кој изгледаше можеби уште подобро, ако тоа е воопшто можно.
„Одлично“, „Каква убавица“, „Ти си авион“, „Сакам да имам жена како тебе“, „Не ми е добро колку си убава“, „Совршена си“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин