(Фото) Цеца оперирана во Истанбул, шест часа под анестезија, пејачката објави фотографии од болница

Во четвртата епизода од серијалот „Цеца шоу“, гледачите дознаа за операцијата на Цеца Ражнатовиќ во Турција  која се уште не открива зошто е оперирана и каков е нејзиниот здравствен проблем. Фолк ѕвездата претходно објасни дека операцијата е неизбежна.

„Таму останавме дванаесет дена. Докторот ми рече дека операцијата ќе трае 6 часа, дека тоа е стандард за таа интервенција. Морав да одам на таа операција, сега или за два месеци, морав. Сакам да ја решам и да се чувствувам добро во своја кожа“, изјави Цеца. Во Истанбул со неа беа и  Анастасија и Лидија за да и дадат поддршка.

„Неколку недели пред операцијата имавме заедничка консултација во Истанбул. Имавме разговор, а после тоа одлично се забавувавме“, рекла Анастасија. И додава “ Сите беа изненадени зошто операцијата трае 6 часа и секако секогаш постои загриженост, никогаш ништо не е безопасно“.

Иако закрепнувањето трае долго, пејачката по две недели продолжи со работните обврски и се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“. Операцијата поминала успешно, а Цеца закрепната и во топ форма им се врати на обврстите пред камерите на „Гранд“.

 

Scroll to Top