(Фото) Вељко го преуредува домот на Богдана

Синот на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, Вељко, планира да го преуреди домот на неговата сопруга Богдана. Тој во моментов пресотјува во куќата на нејзините покојни родители, во Тител.

Вељко планира новиот дом да го направи вистински мал рај. Тој има намера да направи базен, сауна, џакузи и мини теретана, а за сите овие работи, тој ќе потроши 100.000 евра.

„Вељко во вилата на Цеца има цел спа-центар и истото сака да го направи и во домот на Богдана. Покрај базенот, во кој ќе може да се бањаат и во летните и зимски денови, ќе изгради во куќата и џакузи и сауна. Вељко веќе има донесено некои направи за тренинг, така што ќе има и лична теретана“, вели извор близок до Вељко и додава дека акцент ќе се стави на уредување на дворот.

„Ќе стави и нова фасада на куќата. Тие имаат и еден помошен објект, кој е направен како ресторан. Во него го прославија раѓањето на малиот Жељко. Размислуваат да изградат уште еден таков објект, но и гаража. Нема да се штедат на пари. Сакаат местото да го направат вистински рај за нив. Таквата одлука ја донесоа додека беа во карантин. Вељко во амрт и април побегна од Белград и свати колку животот надвор од српската престолнина може да биде убав, комфорен и опуштен. Тој не сака премногу гужви и медиумско внимание“, открива изворот.

Вељко во домот на Богдана чува и кучиња, за кои ќе им обезбеди посебен третман. Синот на Цеца има околу 25 кучиња. Секој си има свое место за живеење. Вељко води голема грижа за нив, вели изворот. Наутро ги храни, шета, ги тренира. Целосно им е посветен.

 

 

Scroll to Top