Богдана и Вељко Ражнатовиќ деновиве уживаат на одмор со пријателите на море, а синот на Цеца објави и неколку фотографии од лудата журка на која беа. Вељко на патувањето позираше и без кошула покрај голем бел крст, на што реагираа фановите.
„Братот го шири православието каде и да оди. Тоа Вељко, Србине. Тигарска крв, а како поинаку“, му коментираа некои.
За потсетување, Вељко и Богдана се венчаа во 2019 година, а неодамна го прославија третиот роденден на синот Жељко. Тие му приредија мала интимна забава инспириранa од цртаниот филм „Патролна шапа“. Покрај Жељко го имаат и Крстан.