(Фото) Водителката на „Пинк“ останала свесна по доживеаната несреќа

Водителката на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ, била постојано свесна по доживеаната несреќа утрово, велатслуѓе кои се нашле на местото на несреќата. Случајните минувачи велат дека Деа од ударот се здобила со тешка повреда на раката, но постојано била свесна и покрај големите болки здобиени од скршената коска.

Несреќата се случила откако таа со своето возило претходно удрила во друго возило. Деа излегла да ја утврди штетата, но во тој момент на неа налетал автобус.

Водителката во моментов се наоѓа на операција за која лекарите велат дека може да потрае пет до шест часа. Лекарите со крајни маки се обидуваат да ја спасат нејзината рака, велат блиски пријатели на Деа.

Несреќата се случила на само 180 метри од нејзиното работно место. Утрово таа тргнала на работа, а на само две минути пред да стигне се случила страшната незгода, велат нејзините колеги и пријатели.

Во медицинскиот центар пристигнале нејзината мајка и свршеникот Младен Мијотовиќ, како и голем број нејзини колеги.

„Сè уште ја немам видено, само сè имам слушнато со неа. Морам да признаам за професионалноста на службите како и лекарскиот тим, кои даваат сè од себе за на крајот сè да заврши во најдобар ред“, изјавил Младен.

Водителка на „Пинк“ тешко повредена во сообраќајка

 

 

 

Scroll to Top