Хрватскиот глумец и пејач, Фрањо Ласиќ, наскоро повторно ќе стане татко. Според регионалните медиуми, сопругата на 66-годишниот Ласиќ, 30 години помладата Милена Матиќ, е во седмиот месец од бременоста. Фрањо и Милена, која е уметница од Белград, се во брак од 2015 година, а претходно беа во врска три години.
Ласиќ поради сопругата живее на релација Хрватска-Србија, а во последно време се занимава и со хуманитарна работа.
Инаку, ова е четврти брак за познатиот музичар. Тој претходно беше во брак со Маја Никшиќ со која го доби синот Јанко, после тоа со Белграѓанката Лилјана со која се разведе по три недели. Со словенечката манекенка Жива Ступник се венча 1993 година, и со неа има син и ќерка.
