Со гајда, труби и тапани, раде Шербеџија ја омажи ќерката, Нина. Инаку Нина е најстарата ќерка на театарската режисерка Ленка Удовички и актерскиот бард Раде Шербеџија.
Невестата носела едноставна бела венчаница во бохо стил, а на косата носела бел цвет.
Нејзините сестри Луција, Вања и Милица и нејзиниот брат Данило биле едни од највеселите сватови. За време на прославата, сите гости играле и забавувале. По интимната свадбена церемонија, славеле со тамбураши.
Женскиот дел од гостите, поблиските до невестата, се собрале на подиумот пред масата на младенците направиле шоу, со што извеле интересн танц на кој Нина им се придружила.
Шербеџија во еден момент полн со емоции запеал пред гостите, а му се придружил и семејниот пријател, музичарот Дамир Урбан.
Последните гости од прославата заминале, пред зори, пишуваат медиумите.