(Галерија) Јелена Розга направи магична ноќ во Маврово

Хрватската ѕвезда Јелена Розга викендов имаше концерт во Маврово во Ле Гранд Арена. Магична ноќ повеќе од два часа со нејзините најубави песни и расположена публиката во полната сала. Ова беше сосема доволно за концертна журка за која сè уште се зборува.

Освен што во еден глас се пееја нејзините песни, Розга не ги криеше емоциите дека е задоволна од дочекот и од расположената публика. „Минут срца твог“, „Цунами“, „Ти и ја„, “Нирвана“, „Бижутерија“ и уште многу други ја кренаа публиката на нозе. И овој пат Розга изгледаше атрактивно во црниот фустан, како и на секој свој настап.

Незаборавна ноќ, со добра песна, алкохол, насмеани лица и полни срца-се  само дел од коментарите по настапот на хрватската пејачка. Од она што успеавме да дознаеме е дека  менаџерката на Розга по настапот коментирала, дека тука во Маврово имале една од најубавите организации во Македонија.   

Настапот на хрватската пејачка е во рамките на Mavrovo Sound & Culture. Во најава е концертот на Каролина на 25 февруари и потоа настапот на Петар Грашо на 4 март.

А. Георгиев 

 

 

 

Scroll to Top