Српскиот пејач Драган Којиќ – Кеба со сопругата Оља живее во луксузна куѓа во елитната населба белградска Бежаниска коса. Куќата од 330 квадрати, со две гаражи и базен ја изградиле кога од Лозница се преселиле во Белград. Кеба вели дека ја направил од парите што ги заработил пеејќи.
Први соседи му се Лепа Брена и Саша Поповиќ.
Ентериерот на домот го уредила неговата жена – таа го избрала мебелот, ама и деталите во секоја соба.
Во куќата има посебно место за бројните награди на пејачот.
Куќата има многу огледала, семејни слики, ама и камин покрај кој Кеба сака да седне и да свири за ќеф на Оља. Тоа, вели, му е омиленото место во домот.