Цела српска естрада се собра на забавка кај Ацо Пејовиќ заради дипломирање на неговата ќерка Марија на Медицинскиот факултет. Журката беше во еден ресторан во Белград, каде се забавувале до рано сабајле. Познато е дека Пејовиќ сака да ги одбележи сите големи моменти на своите ќерки и оваа журка не ги изненади оние кои го познаваат. Најемотивниот момент на вечерта бил кога на сопругата и ќерките Аца им ја пеел песната „Све ти дугујем“. Атмосферата ја загреаја и Сања Вучиќ, Саша Матиќ и Александра Пријовиќ, додека Аца Софронијевиќ свиреше на хармоника. Тука беа и Мирза Селимовиќ и останатите колеги кои до рнаите утрински часови само редеа хитови.