Хрватската поп-ѕвезда Северина вчера наполни 50 години. Пријателите и го организираа роденденот во познат ресторан во Загреб. На журката на Севе не недостигала добра атмосфера, а екипата се забавувала до раните утрински часови.
Добар дел од гостите се качија на сцена и пееја легендарни хитови. И Северина пееше на својот роденден. Харис Џиновиќ, Ана Бекута, Саша Матиќ, Тарик Филиповиќ и Петар Грашо и уште многу други ѕвездите вчера присуствуваа на забавата на која се пеело до раните утрински часови, јавуваат хрватските медиуми.