Горана Табак, сопругата на поранешниот хрватски кошаркар, кој во моментов работи како тренер, Жан Табак, пред неколку дена за првпат на јавноста откри низ каков пекол поминувала откако заболела од коронавирусот. Таа се огалси и сведочеше за тоа што доживеала во борбата со „Ковид-19“ која траеле повеќе од 30 дена.
На моменти вели дека посакувала докторите да ги изгаснат апаратите и ги молела да го сторат тоа.
„Драмата започна на 11. март кога добив температура. Два-три дена имав околу 37,5 степени, а потоа се качи од 39 на 41 степен. Ми рекоа да не доаѓам во болница, но на 18. март со Жан повикавме Брза помош. Добив антибиотици и повторно ме пуштија дома. На 20. март почна кошмарот. Не можев воопшто да дишам, не можев да дојдам до воздух, па на 22. март итно бев префрлена во приватна клиника во Мадрид каде одлучија да ме интубираат“, вели 49-годишната Горана во разговорот за „Слободна Далмација“.
Таа објаснува дека следеле мачни денови за неа, за нејзиното семејство и за пријателите.
„Белите дробови не можеа да се видат на РТГ снимките поради коронавирусот. Лекарите не можеа да забележат дека имам и крвно згрутчување од шест сантиметри. Тие денови не бев во свесна. Несвесно некако на пријателите им испратив прака дека незна дали ќе се извлечам жива. Дури откако излегов од болница ми ја покажаа пораката, а јас не бев свесна кога сум ја напишала. 16 дена бев во некаков вид на индуцирана кома“, вели Горана.
На 28. март докторите му јавиле на Жан дека се сомневаат дека неговата сопруга ќе успее да се извлече, затоа што состојбата и била исклучително тешка.
„Жан помина низ тешки моменти, а јас во болницата каде никој не смееше да ме види се борев за живот. Бев во некоја полусвесна состојба. Се сеќавам дека ги молев докторите да умрам, да ме исклучат од апарати затоа што не можев повеќе. Се сеќавам на моментот кога околу 10 медицински лица беа над мене и како да сакаа да ме реанимираат. Слушав дофрлања: Ја губиме…, Не, не ќе се избори… Таа е лавица! Кога повеќе не знаеја што да прават, ме отворија кај вратот и со микрокамера ги снимаа белите дробови. Така го најдоа тоа крвно згрутчување кое не можеа да го видат со РТГ снимки, па веднаш ме оперираа и го извадија“, изјавила Горана.
Горана Табак се уште не знае како и каде се заразила, но знае дека тоа и најтшката битка за животот.
„Кога ме разбудија бев неподвижна. Можев да ги мрдам само очите и двата прста од десната рака. Не можев да зборувам, телото како да ми беше мртво. Тогаш посакав да ме исклучат од апаратите за да умрам, затоа што не сакав да прифатам целиот живот да бидам во вегетативна состојба. Бидејќи бев во еден вид на некаква кома, почувствував како ми се сврти во главата. Си помислив ако и Жан почине, кој ќе ги чува децата. Десет дена по будењето ми беше страв да заспијам, случајно да не престанам да дишам. Десет дена постојано од грлото ми вадеа крвни згрутчувања. Тоа беше болен процес, посебно кога тоа го прави ортопед затоа што немаа доволно специјализирани доктори поради огромниот број пациенти“, вели Горана која за тие 30 дена во болница ослабнала 23 килограми, но сега е добро и порачува:
„Сакам да им порачам на сите оние теоретичари на заговари и неверници, никој никогаш да не каже дека коронавирусот е само малку посилна настинка. Многу луѓе меѓу 30 и 40 години починаа. Гледав како околу мене умираат. Јас, за среќа, ја излажав смртта!“, вели Горана.