Го стигна клетвата од Карлеуша – Ван Перси доживеа страшна незгода

По вербалната пресметка за која зборуваше цела Англија, славниот фудбалер го стигна клетвата што на негова сметка ја упати Јелена Карлеуша.

Сите што следат фудбал сигурно не се сеќаваат на жестокиот скандал за време на дербито меѓу Фенербахче и Бешикташ (1:0) кога Ван Перси го испровоцира Тошиќ да добие црвен картон, а подоцна успеа да го изнервира и стариот пријател од Арсенал, Озајкуп.

Тошиќ со соиграчите едвај се воздржаа да не го истепаат Холанѓанецот на теренот, а на сето тоа што се случуваше, не остана имуна ниту сопругата на Душко, Јелена Карлеуша.

 

Таа веднаш по метежот на стадионот, изнесе навреда на сметка на фудбалерот кој играше за Арсенал и Манчестер јунајтед, а нејзините зборови ги пренесоа медиумите во Англија, Goal.com, Metro, а се појави и на 101 goals.com поради тоа што ваквиот случај навистина не се памети во блиското фудбалско минато.

„Робин ван Перси е глуп др****ја“. Скрши нога се*о“, беше острата реакција на Карлеуша.

 

По молбата на Душко Тошиќ, Јелена го избриша овој твит, а тоа што се случи 7 месеци подоцна е само потврда дека популарниот фудбалер го стигна клетвата.

Да се потсетиме, фудбалерот доживеа незгода на тренингот на репрезентацијата на Холандија, а по прегледот, утврдено е дека добил тешка повреда и значително оштетување на лигаментите на левото колено, па сега го чека долга пауза.

 

Scroll to Top