Пред четири години почина Велимир Бата Живојиновиќ, еден од најпопуларните и најголеми југословенски и српски глумец.
Живојиновиќ во текот на 60-годишната кариера е рекорден по бројот на улоги. Има одиграно 300 главни и епизодни, абеше познат по тоа што никогаш не ги одбиваше. Публиката ќе го памети по улогата во партизанските филмови, а во светот е познат по улогата во филмот „Валтер го брани Сараево“ на Хајрудин Крвавац.
Овој филм беше мегапопуларен во Кина, каде дури имаше и пиво со неговиот лик на етикетата.
На филм дебитираше во 1955 со улогата во „Песна од Кумбара“ на Радош Новаковиќ, а првата поголема улога ја има во „Воз без возен ред“ на Вељко Булајиќ во 1957. Има играно во над 340 филмови и ТВ серии, а ќе остане запаметен по улогите во „Битката на Неретва“ и „Козара“ на Булајиќ, „Бреза“ на Анте Бабаја, „Во челуста на животот“ на Рајко Грлиќ и по антологиските филмови „Маестро и Маргарита“, „Собрирачи на пердуви“ и „Три“.
По воведувањето на повеќепартискиот систем во Србија неколкупати беше пратеник на Социјалистичката партија. На годинашниот ФЕСТ му беше доделена наградата Белградски победник за животно дело.
Во негова чест, Бата доби улица во Белград и Ниш, кои го носат неговото име.