„Ѓорѓе е постар од мене, не е тајна дека созреав со него“ – Анастасија Ражнатовиќ првпат проговори за дечкото

Анастасија Ражнатовиќ. ќерката на Цеца, веќе 4 години е во врска со Ѓорѓе Куљиќ, бизнисмен од Нови Сад. Поради него, таа неодамна си замина од Белград и се пресели во Војводина. Сега, во интервју за магазинот „Хелоу“, првпат проговори за нивната врска.

„Имав 18 години кога почнавме да се забавуваме. Помина многу време и досега се запознавме одлично. Мислам дека личноста не се менува во суштина и дека тој што е со вас не треба да се обидува да ве смени. Ѓорѓе не го прави тоа, ме остава да си бидам своја и тоа најмногу го сакам кај него. Се разбира, нормално е човек сам по себе да се промени за четири години. Со Ѓорѓе созреав. Тој е постар и поискусен, а јас научив многу додека шетав со него. Нема ништо поубаво од тоа кога во еден момент ќе сфатите дека растете со некого, дека постојано сте мотивирани да бидете најдобрата верзија на себе, да бидете своја и прифатена во исто време“, вели таа во интервјуто.

Анастасија откри и дека не објавува негови слики на „Инстаграм“ затоа што тој не сака да биде во медиумите. Тие ретко одат заедно на јавни настани.

„Тој не работи јавна професија и нема потреба да се експонира преку мене. Ја почитувам неговата одлука, а и јас верувам дека е подобро да се заштити барем тој дел од животот, за доброто на двајцата“, вели пејачката.

 

Scroll to Top