Пејачката Гоца Тржан вели дека на Наташа Беквалац ѝ посакува брзо закрепнување по физичкиот нападот што пејачката го претрпе од својот сопруг Лука Лазукиќ.
Тржан додава и дека се плаши оти на крајот Лазукиќ ќе биде тој што ќе биде прогласен за жртва, а не Наташа.
Гоца ја поддржа Беквалац и истакна дека Наташа мора што побргу да се извлече од моментната ситуација.
„Не сакам воопшто да се мешам и оваа несреќа нема да ја користам за да си направам некаква популарност. Мислам дека жената треба колку е можно побргу да се извлече од оваа ситуација. Колку е можно побезболно, особено поради тоа што има две деца за кои мора да се грижи. Има работа што мора да ја работи, а јас ѝ посакувам целосно закрепнување“, порача Гоца Тржан.
„Мислам дека Лука многу бргу ќе заврши во некое ток-шоу. Тој ќе биде оној што ќе ја плука Наташа и ќе биде подигнат на ниво на маченик и, најверојатно, тој за една година ќе биде ѕвезда на некое реално шоу“, изјавила Гоца Тржан.