Легендарниот босански пејач Халид Бешлиќ (68) заврши во болница поради итна операција. Регионалните медиуми пренесуваат дека на Халид во „Центарот за срце“ во Сараево му бил вграден стент.

Сопругата на Халид, Сејда Бешлиќ, ја потврди информацијата дека нејзиниот сопруг бил опериран.

„Халид е добро. Се чувствува одлично, како да нема ништо. Набргу доаѓа дома“, рекла Сејда