Пејачот на народна музика Халид Муслимовиќ изгубил уште една тужба од неговата поранешна љубовница Соња Башиќ. Таа го тужела за нарушен углед и чест, пренесоа српските медиуми.
Како што пишуваат тие, Халид ќе мора да ѝ плати 2.500 евра и ќе мора да ѝ се извини во медиумите за клеветите против неа. Пејачот пред две години им предал на новинари документи во кои ја наклеветил и ја нарекувал со разни грозни имиња.
„Ме нарекуваше со грозни имиња и ме навреди во секој поглед. Јас имам две деца и сакам да живеам нормален живот“, рече Соња за медиумите.
Основниот суд минатата година во Бања Лука го осуди во кривична постапка и пресуди дека мора да ѝ плати 600 евра поради телесните повреди и загрозување на безбедноста на Соња.
Популарниот пејач на народна музика ја изгуби тужбата во судот во Приедор, а Соња во емисијата „Плус Србија“, рече дека Муслимовиќ ќе мора да ѝ плати отштета за нарушениот углед.
„Она што е најважно, ќе мора да отиде во медиумите ѝ да ми се извини за клеветите“, рече Соња.
За потсетување, Халид го чекаат уште две судења за надомест на штета за физичк злоупотреба и судењето со неговата ќерка во врска со куќата која исто така е предмет на спор.
„Тука се придобивките и за телесни повреди и психа. За тоа нема надомест, ниту за мене, ниту за која било жена што доживеала насилство. Тоа судење е важно и за оспорување на имотот. Ми должи 107.000 евра, а има и други трошоци. Јас му се најдов многупати и дадов сè од себе за да му помогнам. Бев со него кога немаше никој, а на крај го доживеав тоа што го доживеав“, рече Соња.
Таа откри дека Халид веќе бил осуден за злоупотреба врз жени во Америка и Австралија и рече дека постојат документи со кои може да го докаже тоа. Пред три години му била одбиена визата за Канада поради тужба во која се товари за насилство.