Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, својот хит „Ноч ми те дугује“ ѝ го посветил на својата прва љубов, глумицата Јасна Орнела Бери. Таа вели дека со Чолиќ се заљубиле во Сараево уште кога биле многу млади.
„Секогаш дел од моето срце ќе биде резервирано за него“, изјавила Јасна во едно од своите интервјуа и додала дека никогаш нема да ја заборави нивната прва средба.
„Се запознавме по војната во Белград. Бевме многу млади. Тоа беше многу впечатлива средба, која никогаш нема да ја заборавам. Одевме на Скендерија, во Домот на младите, во кој се собираа таленти, и таму немаше само музичари, туку и глумци, сликари. Се дружевме и тука првпат се вљубив. Чолиќ е фасцинантна личност и својата харизма успешно ја одружва и денес. Пред сè тој е добар човек“, вели Јасна.
Таа откри детали од нивната врска, а откри и дека Чолиќ ѝ ја посветил песната „Ноч ми те дугује“, која самиот ја напишал.
„Не можам да кажам дали се забавувавме или бевме во врска. Тоа беше еден посебен однос меѓу нас двајцата, кој трае до ден денес. Тоа чувство остана и денес и претставува еден вид на љубов која не можете да ја помилувате или држите за рака. Здравко засекогаш ќе остане сечиј и ничиј“, изјавила Јасна.
Балканската ѕзведа од осумдесетите години е во среќен брак со Александра, а одсекогаш за него лудуваа многу жени, меѓу кои и познати дами.
Јасна била една од нив. Таа глумеше во филмовите „На патот“ и „Во земјата на крвта и медот“, кој го режирала холивудската глумица Анџелина Џоли.